Битолските директори на јавните претпријатија дадоа отчет за сработеното

Битолските директори на јавните претпријатија дадоа отчет за сработеното

Директорите на петте јавни претпријатија во Општина Битола, Александар Марковски, Александар Касапов, Методи Силјановски, Горан Козаров и Панде Богоевски, синоќа на јавна презентација пред граѓаните ги презентираа изработените проектите во мандатот од една година на новата локална самоуправа.

Поздравен говор пред присутните и благодарност за взаемната соработка со јавните претпријатија при реализирањето на проектите на Општина Битола изрази градоначалничката м-р Наташа Петровска.

За ЈП Индустриска зона „Жабени“, најголем проблем од наследената состојба, според директорот Александар Марковски е немањето на технички прием за фекална канализација што е опасност од еко-катастофа, како и недоволниот капацитет на пречистителната станица и недостаток на собирен базен со механичка решетка за прибирање на цврст отпад од фекалната канализација.

Директорот на ЈП „пазари“ Александар Касапов, ги образложи досегашните проекти кои воглавно се однесуваат на хигиената и инфраструктурата во двата пазари во градот, а најави и покривање на дел од градскиот пазар во непосредна близина на управната зграда.

Нова машина за гребење е инвестицијата која ја презентираше директорот на КЈП „Нискоградба“ Методи Сиљановски, а исто така тој ги посочи проектите за изградба на канализација низ улиците во Битола, како и на колекторскиот систем за потпелистерските села Трново и Магарево.

ЈКП „Водовод“,чија главна цел да обезбеди чиста вода за пиење на околу 100.000 жители во општината, ја продолжува заложбата за проширување и подобрување на водоводната мрежа, надоградба на филтрите и пумпните станици, надополнување на СКАДА системот, рече директорот Горан Козаров.

Директорот на ЈП „Комуналец“ Панде Богоевски ги претстави надлежностите на ова јавно претпријатие, како и постојаната заложба за селектирање отпад, поставување на нови канти во населбите и состојбата со депонијата Мегленци. Тој истакна и дека за добра поставеност на работниците, потребна е и мотивација, а ова јавно претпријатие, освен што подели регрес, ги зголеми и платите на вработените за 8,3%.

На трибината беа поставени прашања од страна на присутните граѓани, кои воглавно се однесуваа на комуналната хигиена, поставување на канти за отпад во селата, начинот на одржување хигиена во градскиот пазар итн.

Прочитајте повеќе

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух

Овој начелен став го донесе Врховниот суд на денешната јавна седница, каде судиите расправаа во …