Black Ops со премиерна бура од стил и талент

Black Ops со премиерна бура од стил и талент

Изминатиот викенд Скопје ни ја покажа својата трансформација на град, кој што може да биде исполнет со филмски гламур и стил како светските метрополи. Во саботата (05.06.2021) во Скопје дефинитивно беше евидентен холивудскиот дух на црвениот тепих, каде што во спектакуларно издание беше маркиран официјалниот почеток на една оригинална филмска приказна.

Ексклузивната промоција на трејлерот, на новата најавена акциона серија Black Ops, се оддржа во Cineplexx за затворен круг на посетители, а веста за настанот привлече големо внимание од многубројните лојални фанови и поддржувачи, кои во саботната вечер во голем број ги пречекаа главните актери пред Skopje City Mall, кои беа опкружени со хермелини и членови на Black Vipers Squad во улога на специјалци, кои се и дел од филмската екипа.

 
Погледнете го официјалниот трејлер на првата сезона:

Прочитајте повеќе

Розе вино

Розе вино – лесно, живо и секогаш совршено друштво на трпезата

Розето е повеќе од тренд – тоа е стил на живот, симбол на опуштеност и …