Благица од Богданци ги руши стереотипите за возење камион

Благица од Богданци ги руши стереотипите за возење камион

„Долг пат. Музика, кафенце. Тоа е љубов, тоа е живот за мене“, ја започнува својата приказна Благица Тасевска, професионална возачка на камион.

Тоа е рецептот на Благица за мирно поминување и повеќе стотици километри дневно. Речиси десет години професионално вози камион и го гледа како свој дом.

„Кабината за мене е дом. Таму спиете, таму работите, возите, јадете… сè“, раскажува Благица.

Низ македонските патишта искусува различни реакции. Од чудење, до восхит.

„Некои вадат телефон да снимаат. Доаѓаат да се запознаеме. Мило ми е…“

Сепак, многу почесто вози низ Западна Европа каде останува со недели. Франција, Германија, Белгија, Шведска… се дел од рутата по која запознава и колешки.

„Скоро секој втор или трет камион низ ЕУ е девојка. Жена, повозрасни, млади девојки“, ни откри Благица.

Долгите тури многу често подразбираат и преспивање во камионот на паркинзи, па пред легнување мора да се преземат и мерки за приватност и безбедност.

„Од таа страна го земаш каишот, го заклучуваш… Заради безбедност од крадци“, објасни камионџиката.

И покрај искуството, како жена, Благица сè уште се соочува со предрасуди и недолични коментари.

„Како, тоа ти се справуваш со ова возило?“, „Oва е машка работа“. „Вие жените сте за дома“, се дел од коментарите со кои се соочува Благица. Но нејзината поставеност е јасна:

„Едноставно не им давам толку значење“, вели Благица.

Низ илјадници километри видела многу места, но родниот крај не го заборава.

„Франција. Многу добра природа имаат, меѓутоа дома си е дома“.

Камионскиот волан сè уште не го остава, но вели дека еден ден ќе запре со возење.

„Има и периоди кога сакам нормално фамилија пред сѐ. Сѐ си има одреден период на работа“, посочува Благица.

На девојките што се двоумат за оваа професија, Благица им порачува:

„Да не се откажуваат и да одат напред, бидејќи и невозможното е возможно“, категорична е соговорничката.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Борозан: Не поминуваат манипулациите на Мицкоски, за проневерата на 5,5 милиони евра мора да постапи Обвинителството, не ДКСК

Борозан: Не поминуваат манипулациите на Мицкоски, за проневерата на 5,5 милиони евра мора да постапи Обвинителството, не ДКСК

Прес-конференција на Маја Серафимовска Борозан, СДСМ Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси …