„Блу ориџин“ денеска ќе го лансира Капетан Кирк во вселената – следете го летот во живо

Актерот Вилијам Шатнер заедно со уште тројца патници денес (13 октомври) ќе полетаат во вселената, соопшти компанијата „Блу ориџин“. Целото веленско патување и ќе се пренесува во живо преку Интернет.

Шатнер, на 90-годишна возраст, е подготвен да стане најстарата личност што некогаш патувала во вселената, пренесе Ројтерс.

Тој стана икона на поп културата со улогата на капетанот Кирк од телевизиска серија од 1960-тите Ѕвездени патеки и седумте последователни филмови.

„Сакам да ја видам пространоста на просторот и извонредното чудо на нашата Земја и колку е кревка во споредба со силите на универзумот. Сакам да видам што треба да сториме за да ја спасиме Земјата“, изјави Шатнер во видео интервјуто на Ројтерс. Тој исто така призна и дека е нервозен и малку исплашен за новата авантура.

По 24-часовно одложување на лансирањето, Шатнер и неговите сопатници денес од место за лансирање надвор од руралниот западен тексашки град Ван Хорн ќе влезат во ракетата New Shepard која е висока 18 метри. Преносот во живо од нивното „патување до работ на вселената“ ќе започне во 14 часот и 30 минути.

Четворицата членови на екипажот д-р Крис Бошуизен, Глен де Врис, Одри Пауерс и актерот Вилијам Шатнер минаа обука во вторникот и тимот на мисијата ја заврши проценката на подготвеност за летање за да се осигури дека „сите системи се пуштени во употреба“, објави „Блу ориџин“ на Твитер.

Инаку, компанијата „Блу ориџин“ е во сопственост на најбогатиот човек на планетата Џеф Безос, сопственикот на Амазон, кој неодамна беше дел од сличен лет.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Победник на вечерта: „Опенхајмер“ освои седум Оскари

Филмот „Опенхајмер“ ја оправда фаворитската улога на 96. доделување на најпрестижните филмски награди во светот. …