Пристапот на BMW при претставувањето на обновена серија е „Доколку функционира, не го менувај“. Пред нас е седмата генерација на „петката“ со кодно име G30.
Димензиите се незначително поголеми од претходната генерација со пошироки фарови помеѓу кои се познатите „бубрези“ на BMW кои се превземени од поголемата серија 7.

Новата генерација на „петката“ подобро го сече воздухот, бидејќи коефициентот на воздушен отпор е намален за 10% и сега изнесува 0,22. Исто така, тежината на возилото е намалена за 100kg со обилно користење на алуминиум и магнезиум.

Понудата на модели е следната:
530i 2.0 литарски турбо бензинец 4 цилиндри, 249hp, 350Nm, 5,4 l/100km
540i 3.0 литарски турбо бензинец 6 цилиндри, 335hp, 332lb ft, 435Nm, 6,5 l/100km
530e 2.0 литарски турбо бензинец 4 цилиндри + електричен погон, 248hp, 420Nm, 2 l/100km
M550i xDrive 4.4 литарски твин-турбо V8, 456hp, 650Nm, 8,9 l/100km
520d 2.0 литарски турбо дизел 4 цилиндри, 188hp, 400Nm, 4,1 l/100km
520d ED 2.0 литарски турбо дизел 4 цилиндри, 188hp, 400Nm, 3,9 l/100km
530d 3.0 литарски турбо дизел 6 цилиндри, 262hp, 620Nm, 4,5 l/100km
Сите модели се нудат со осум брзински автоматик, освен кај 520d, кој се нуди и со шестбрзински мануелен менувач.