Бочварски: Автопатот Прилеп-Битола е можност за силен економски развој на регионот

Бочварски: Автопатот Прилеп-Битола е можност за силен економски развој на регионот

„Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри. Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите”, истака денеска министерот Благој Бочаврски на настанот по повод започнување на изградбата на автопатската делница Прилеп-Битола на Коридор 10 д.

Во прилог Ви го испраќаме интегрално обраќањето на министерот Бочварски:

„Доаѓајки денеска на овој најголем, најзначаен настан за Пелагонија и патувајќи  во правец од Скопје до ова место, од Гевгелија до тука и од Меџитлија исто така до тука,  верувам дека по пат забележавте бројна механизација како интензивно работи на изградба и рехабилитација на европските коридори.

Тоа се инвестициите во патната инфраструктура со кои Северна Македонија ја модернизираме, економски ја зајакнуваме и ја правиме подобро место за живеење за сите наши граѓани.

Нема подобар момент да се собереме, сите пријатели на Северна Македонија, нашите партнери – земјите членки од ЕУ и заеднички да го означиме најголемиот инфраструктурен проект во новата историја на земјата кој се реализира овде во Пелагонискиот регион.

Знам колку оваа автопатска делница е приоритетна за Прилеп, за Крушево, за Битола, Могила, Новаци, Ресен и за сите останати од Пелагонија кои живеат  или транзитираат од тука.

И ова е силна порака од Владата до сите граѓани и стопанствници од регионот.

Веќе не зборуваме за програмски ветувања, зборуваме за старт на најголемиот капитален проект во Пелагонскиот регион.

Капиталните проекти ги реализираме одлучно и оправдано затоа што Пелагонискиот регион мора да се развива. Секој вложен денар на државата е влог за граѓаните за безбедни и модерни сообраќајници, за развој на локалните бизниси, за подобро регионално поврзување со соседите.

Денеска започнуваме со изградба на ново модерно автопатско решение од Прилеп до Битола во должина од 39,3 километри.

Во оваа прилика сакам да честитам на целиот тим од државни институции што изминатиов период напорно работеа за да се обезбедат сите услови за почеток на оваа градба.

Од денеска изведувачот ги започнува подготвителните работи и геотехничките истраги на терен и во наредниот период ќе бидеме сведоци на огромно градилиште по целата траса на овој патен правец.

Ова е можност за ангажирање на домашната градежна оператива, што значи нови вработувања, а посебно развој на градежната дејност.

Сите сме свесни, градбата нема да биде лесна работа, ни претстојат огромни предизвици на терен во овие неколку години но сакам да уверам дека максимално сме фокусирани на изградбата на овој автопат а исто така и на изградбата на делниците на Коридорот 8.

Оттука и потребата да направиме измени во регулативата да ја забрзаме и да ја направиме поекономична и поефикасна изградбата на овие автопати на двата европски коридори.

Нашата иднина е европска и преку изградба и модернизација на коридорите земјава ќе ја доближиме чекор поблизу до европското семејство на развиени земји.

Преземавме обврска пред граѓаните, Република Северна Македонија да биде подобро место за живеење. И таквата обврска ја реализираме на терен.

Сакам да се обратам до сите жители од овој регион –  Пелагонискиот регион го градиме и економски го правиме уште посилен и поразвиен.

Нашата порака до целиот бизнис сектор е следна: Реализирајте ги вашите бизнис планови и инвестирајте овде, а државата преку реализација на ваквите проекти ви помага да бидете поконкурентни и посупешни.

И заради тоа, инвестираме во изградба на нов експресен пат од Градско до Прилеп – следната година ќе возиме по нов експресен пат.

Комплетно го реконструиравме Плетвар.

Започнуваме со најголемиот инфраструктураен проект – изградбата на оваа автопатска делница од Прилеп до Битола.

Го реконструираме патот од Битола до границата со Грција, а во истовреме проектираме нов експресен пат исто така од Битола до граниниот премин Меџитлија.

Изградивме магистрален гасовод низ цела Пелагонија.

Ова се инвестициите со кои комплетно го подигнуваме Коридорот 10-Д почнувајќи од автпатот од Градско се до границата со Грција на повиско и поквалитетн ниво од сегашниот патен правец.

Инвестирајќи во модерни патишта, создаваме услови за подобра и просперитетна иднина за сегашните и идните поколенија.

Северна Македонија мора да биде инфраструктурно средена држава, економски центар и вистинска крстосница на Балканот”, истакна министерот Бочварски.

Прочитајте повеќе

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Владата подготвува закон, Унгарците „во прашалници“ за милијардата од Орбан за Мицкоски

Премиерот Мицкоски најави 250 милиони евра од кредит од Унгарија за бизнисот, македонските стопанственици го …