Бочварски: Пописот има значајна улога во планирањето и развојот на општините и државата

Бочварски: Пописот има значајна улога во планирањето и развојот на општините и државата

Пописот е многу значајна статистичка операција кој има огромно влијание врз урбанизација и сите идни планирања во сите региони низ дражавата, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Ресен.

„Прашањето на пописот е многу значајно заради урбанизцијата и идните планирања во сите региони низ државата. Демографските податоци, карактеристики и параметри даваат значајна улога во планирањето на идниот развој на државата и градовите, инфраструктурата, проткот на возила и за развој на генералните и деталните урбанистички планови”, изјави министерот за транспорт и врски Благој  Бочварски.

Тој ги повика граѓаните на Преспа да се попишат во предвидениот период и нагаласи дека точните демографски податоци имаат значајна улога во развојот на општина Ресен и генерално на државата.

Прочитајте повеќе

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Да се скратат часовите поради топлото време, препорачува МОН

Одлуката на надлежните следува откако родители реагираа на социјалните мрежи и негодуваа децата да бидат …