Бочварски: Преку 700 милиони евра инвестираме за модернизација на Коридор 8

Вкупните средства планирани за доизградба и рехабилитација на целиот Коридор 8 надминуваат 700 милиони евра, што само по себе говори дека оваа Влада е силно посветена на модернизација на европските коридори, на отворање на нови перспективи за нашите граѓани и компании, истакна денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот потенцираше дека само на источниот крак од овој Коридор, се инвестираат околу 100 милиони евра.

Тој со директорот на ЈП за државни патишта Ејуп Рустеми, извршија увид во рехабилитација на втората фаза од државниот пат Куманово –Страцин, дел од патниот правец на Коридор 8.

“Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делницата долга 32 километри. Тоа што е значајно е дека значително ќе ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен пат.

Првата фаза се одвива непрекинато и очекуваме оваа година да биде завршена рехабилитацијата. Во однос на првата фаза од Куманово до с. Војник, веќе имаме избрано фирма изведувач, во фаза е изборот за надзор и очекуваме месец март да започне рехабилитација и на оваа делница, така да заедно со директорот целосно сме фокусирани на модернизација на овој Коридор”, изјави Благој Бочварски, министер за транспорт и врски.

Директорот на ЈП за државни патишта потецираше дека од буџетот на ЈПДП се инвестираат 7,2 милиони евра за рехабилитација на втората фаза од овој патен правец.

“ Денеска сме овде да го проследиме прогресот во градежните активности кои се извршуваат на рехабилитацијата на државниот пат А2 делница Куманово-Страцин, втора фаза. Станува збор за делница долга 16,64 км со променлива ширина од 7 до 10 метри. Овој проект е финансиран од Буџетот на ЈПДП и неговата вредност е во висина од 7,2 милиони евра. Конечно во блиска иднина ќе заврши маката и голготата за жителите од овој регион и овој пат којшто е стар 30-тина години ќе биде квалитетно рехабилитиран и реконструиран за да биде долговечен бидејќи овде има фреквенција на тежок соообраќај”, изјави Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта.

За 2021 година најавија голема инфраструктурна програма за унапредвање на целокупната инфраструктура во државата.

Прочитајте повеќе

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање на безбедносните проблеми во …