Богдановиќ: Неколку објекти од „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Богдановиќ: Неколку објекти од „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ на вчерашната прес-конференција најави дека е донесена одлука за дислокација на повеќе објекти од проектот „Скопје 2014“.Богдановиќ: Неколку објекти од „Скопје 2014“ ќе бидат дислоцирани

Богдановиќ не сакаше да открие за кои точно објекти станува збор и кога тие ќе бидат дислоцирани. Тој рече дека се водат истраги за повеќе објекти од овој проект, но дека не може да открива детали во интерес на истрагата.

Богдановиќ најави дека наскоро ќе започне и проектот за обнова на покривите кои протекуваат и старите и небезбедни лифтови како и проектот „Цел Центар на точак“.

Градоначалникот Богдановиќ рече дека од понеделник започнува рокот за пријавување на заинтересираните заедници на сопственици на станови од подрачјето на општина Центар за реконструкција на фасади на колективни станбени згради. Рокот истекува на 30.04.2018.

– Ова е наше ветување и почнуваме да го реализираме за да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните на Центар. Новите фасади ќе го задржат автентичниот изглед на зградите и боите за кои последниот збор ќе го имаат жителите. Значи нема да поставуваме барокни фасади против кои се боревме, туку енергетско-ефикасни фасади кои ќе значат голема финансиска заштеда за семејниот буџет – рече Богдановиќ.

Реконструкцијата на фасади опфаќа: обнова на фасада со нова термичка фасада од страна на општина Центар и замена на старата и дотраена фасадна столарија со нова од страна на заинтересираните сопственици.

Проектот ќе биде поддржан со финансиски средства од буџетот на Општина Центар, во висина од 70 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада .

Ако во семејство кое живее во колективната станбена зграда која е избрана за реконструкција на фасада има социјален случај или лице со посебни потреби, врз основа на документ со кој ќе се докаже тоа, општина Центар ќе го финансира неговиот дел при финансирање за реконструкција на колективната станбена зграда.

Сопствениците на посебни делови преку кредитирање или во готово ќе ги обезбедат преостанатите финансиски средства во висина од 30 отсто од вкупниот износ од вредноста на енергетски ефикасната фасада.

Услов е зградата да е постара од 25 години.

Извор: Слободен печат

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …