Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

Борел и Блинкен го поздравија францускиот предлог: Духот на конструктивен компромис треба да инспирира

Жозеп Борел, потпретседателот на Европската комисија (ЕК) и висок претставник на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика и Ентони Блинкен, државниот секретар на САД во заедничка изјава го поддржаа францускиот предлог.

„Го поздравуваме компромисниот предлог којшто ги зема предвид интересите и загриженоста и на Северна Македонија и Бугарија, засновајќи се на взаемна почит, доверба и разбирање. Суверената одлука на парламентот на Северна Македонија ќе биде важна за придвижувањето напред. Духот на конструктивен компромис, на кој се заснова европската интеграција, треба да продолжи да ги инспирира сите вклучени во историскиот процес“, порачаа Борел и Блинкен.

Тие велат дека „во овој критичен момент во европската историја, одбележан од неоправданата агресија извршена од Русија врз Украина, придвижувањето на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ е клучот за зајакнување на кохезијата и отпорноста на целиот Европски континент.

„Водени од заедничките вредности и стандарди и одредници на ЕУ, двете земји се подготвени да го преземат следниот чекор кон членство во ЕУ“, констатираат Борел и Блинкен.

На крајот на обраќањето се потенцира дека ЕУ и САД се посветени на поблиска соработка со Западниот Балкан.

„Обезбедувањето стабилност и просперитет и претворањето на нивната европска и евро-атлантска иднина во реалност остануваат наша заедничка цел“, порачаа потпретседателот на ЕК и Државниот секретар на САД.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …