Борел шокиран од руските ракетни напади врз Киев за време на престојот на Гутереш

Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел изјави дека е шокиран од ракетните напади на Русија врз Киев за време на посетата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш и бугарскиот премиер Кирил Петков. „Русија уште еднаш го покажува своето отворено непочитување на меѓународното право со бомбардирање на градот додека е присутен генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, како и бугарскиот премиер Кирил Петров“, напиша Борел на Твитер.

Гутереш: Апсурд на 21 век е војната во Украина

Две експлозии погодија згради во Киев веднаш по прес-конференцијата што ја одржаа генералниот секретар на ОН Гутереш и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко изјави дека во експлозиите биле повредени најмалку три лица и оти непријателот со два удари ги погодил долните катови на станбена зграда во населбата Шевченковски. Гутереш ги повика руските власти за време на посетата на Буча кај Киев да се согласат да соработуваат во истрагата на Меѓународниот кривичен суд за „можните“ воени злосторства извршени во Украина.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …