Борис Кондарко ќе биде претседател на Државната изборна комисија

Борис Кондарко ќе биде претседател на Државната изборна комисија

Борис Кондарко, досегашен член на Државната изборна комисија (ДИК) ќе биде претседател на оваа комисија, откако Собранието на денешната седница донесе одлука да се усогласи составот на ДИК по смената на власта во Северна Македонија по парламентарните избори што се одржаа во мај.

Според Изборниот законик, претседателското место во Државната изборна комисија ѝ припаѓа на опозицијата. Кондарко е член на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ).

Со усогласувањето, потпретседател на ДИК ќе биде Абдуш Демири, на предлог на партијата Беса.

Членови ДИК остануваат: досегашните претседател Александар Даштевски од ВМРО-ДПМНЕ, потпретседателката Дитмире Шеху од ДУИ и Оливер Ристевски од СДСМ.

Собранието донесе одлука и да се распише оглас за избор на двајца нови членови на ДИК на местото на Бобан Стојановски (ВМРО-ДПМНЕ), кој беше член на ДИК а стана заменик – генерален секретар на Собранието, додека Радица Ристеска (СДСМ) заминува во пензија.

Огласот ќе трае осум дена од објавување во Службен весник.

Државната изборна комисија е највисоко тело кое ги организира и спроведува изборите и брои седум членови, заедно со претседателот на комисијата.

Според Изборниот законик, опозициските партии предлагаат претседател и два члена, а владеачките имаат мнозинство со четворица членови.

Кондарко беше претседател на ДИК и во периодот од 2011 до 2013 година.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Недела на детето: Наша задача е да создадеме општество во кое секое дете ќе расте во здрава средина

Пишува: Анета Неданоска, дипломиран воспитувач Неделата на детето ја одбележуваме во период во кој се …