Борисов

Борисов: Би поддржале отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Скопје

Ако бугарската Влада направи отстапки кон Северна Македонија и ги достави до Парламентот, ние сме подготвени да ги поддржиме, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата опозициска партија во земјата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во интервју за најтиражниот бугарски весник „24 Часа“.

Запрашан дали планот предложен од новиот бугарски премиер Кирил Петков за формирање работни групи за дијалог со земјава би функционирал, Борисов нагласува дека може „само да му посака успех“ и „ако му треба поддршка, ќе му ја даде“.

Борисов во интервјуто потсетува дека неговата Владата го склучи Договорот за добрососедство со Македонија, потег што го оценува како „огромен чекор напред“.

Според Борисов, тогаш на земјава ѝ било кажано дека има „две-три теми што треба да се решат – малцинствата, да се смени Уставот, да се разјасни историјата – и потоа да продолжи понатаму“.

„Бугарија во никој случај не ја запре Северна Македонија“, тврди Борисов, додавајќи дека „не е можно да се влезе во ЕУ и да се внесат проблеми“, па затоа Софија „само ги успорила“ Скопје и Тирана.

Борисов во интервјуто нагласува и дека му посакува на новиот бугарски владин Кабинет да води добри преговори со земјава и ако неговата Влада нешто згрешила да го исправи тоа.

„За Бугарија ќе биде подобро Северна Македонија и Албанија да бидат дел од ЕУ“, дециден е Борисов.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Михалис Рокас е номиниран од Борел за амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, на местото …