Борисов: Замислете си дека сте Македонци и дека соседот ве блокира

Борисов: Замислете си дека сте Македонци и дека соседот ве блокира

„Само ние, ГЕРБ, можеме да ја завршиме оваа работа – ем да не биде на штета на Бугарија, ем да им дадеме пат на нашите браќа“, порача предизборно Борисов, на неговиот роденден, пишува Дојче веле – на македонски јазик.

Поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, вчера се сретна со претставници на партискиот подмладок и млади партиски кандидати за пратеници од Софија. Средбата е одржана на роденденот на Борисов (13.6.1959), кој вчера наполни 62 години и по тој повод ги почести младите колеги со бонбони, сокови и совети, при што речиси половина од разговорот бил посветен на Северна Македонија.

На средбата, од која беше емитуван видеоматеријал, Борисов излегува со ставови за спорот со Македонија поразлични од претходните, која ја водеше бугарската влада. Така, на еден од младите соговорници, Борисов му објаснува за „темата што му е најмногу при срце – за Македонија“.

„Зборував дека е многу важно Македонија да влезе во ЕУ затоа што ние сме еден народ во две држави, меѓу нас не може да има граници, но во исто време она што се случува таму, според мене е неприфатливо“, вели претставник на младината на ГЕРБ, потенцирајќи дека не смее да се задржуваат бугарски книги на македонската граница.

Според него, ГЕРБ е единствената партија кој прва ѝ дала европска перспектива на Северна Македонија, и е во состојба да го заврши тој процес, со заштита на бугарскиот национален интерес.

На ова се надоврзува Борисов, и упатува критика за бугарскиот претседател и техничката влада.

„Вчера Зоран Заев ми се јави, зашто сега властите можеби се обидуваат да излажат многу луѓе. Затоа што начинот на кој тие ги конструираат работите на крајот ќе биде или многу лош за Бугарија, или ќе направиме народите на двете најблиски земји да се мразат меѓу себе во следните децении. Вистината е дека нашиот Договор за добрососедство беше најдобриот чекор. И нашата стратешка цел е пристапување на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“, изјави лидерот на ГЕРБ.

Од младите партиски колеги побара да се стават во позиција на Македонците.

„Замислете си дека вие сте Македонци. И соседите, најблиските луѓе ви велат: ‘Нема да одите во Европската Унија. Нема да одите таму’. Дали ќе нѐ сакаат? И затоа се обидуваме со Зоран Заев, и со Стево Пендаровски, се разбира, да направиме така што работите ќе тргнат од долу нагоре. Да, историјата е исклучително важна. Но, оставете историчарите да си ја завршат работата“, порачува Борисов.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Шефот на ФБИ најави оставка

Шефот на ФБИ најави оставка

Изборот на Доналд Трамп за американски претседател носи промени на кормилото на ФБИ. Шефот на …