Бошњаковски: Нема промена на химната и на државните симболи

Бошњаковски: Нема промена на химната и на државните симболи

Не се водат, ниту ќе се водат разговори со Грција за промена на химната, ниту некои од македонските државни симболи, одговори денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски на новинарско прашање дали согласно Договорот со Грција ќе се менува и македонската химна или некој државен симбол.

-Ниту во минатото, ниту сега, ниту некогаш во иднина ќе се разговара за промена на химната на Република Македонија. Таа останува таква каква што е – рече владиниот портпарол.

Тој додаде дека нема разговори ниту за другите симболи, ниту било што надвор од тоа што било официјално кажано.

Портпаролот Мухамед Хоџа рече дека сите членови на Владата, вклучително и вицепремиерот Хазби Лика, ги реализираат своите обврски и задачи предвидени со законските прописи. Порталот „Сакам да кажам“ објави дека Лика не доаѓа на работа поради тоа што дошол во конфликт со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Вицепремиерот Хазби Лика доаѓа на работа и секојдневно ги извршува своите обврски -рече Хоџа, објаснувајќи дека без проблеми се одвива и постапката за прераспределба на вработените во Секретаријатот за рамковен договор кои не одеа на работа.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Д-р Венко Филипче средби со граѓани (2)

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ и Николоски ја губат поддршката во четворката, затоа вадат пропаднати афери стари три години

Кандидатот на СДСМ и коалицијата во изборна единица четири, денес беше помеѓу граѓаните на Прилеп …