CIT Aerospace 737-MAX8 Artwork K65921

Британска компанија претставува нова иновација на КОП26 – авионите како гориво да користат водород

Британска компанија на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) денеска ќе ја открие новата технологија што ќе овозможи авиосообраќајот да постигне нулта емисии на стакленички гасови, кои се виновник за глобалното затоплување на планетата, пишува Гардијан. 

Станува збор за иновација, со која авионите ќе може да се придвижуваат на водород до 2030 година, како замена за млазното гориво и авионскиот бензин коишто се користат денеска во воздухопловниот превоз.

Технологијата предвидува воведување на лесни реактори во авионите, кои би ги „разбивале“ хемикалиите од амонијак за да се произведе водород којшто би се користел како гориво. Наместо парафин, авионите би се модифицирале за да складираат течен амонијак.

Водородот во моментов се смета за единственото можно „чисто“ гориво за авиосообраќајот, но проблем е тешкотијата на безбедно складирање во резервоарите за гориво на авионите.

Гардијан пишува дека амонијакот денеска во светот се произведува од фосилни горива, така што за да се постигнат нулта емисии на стакленички гасови, авионите ќе треба да се придвижуваат на „зелен“ амонијак, којшто би бил произведен од вода и воздух со користење на обновливата енергија.

Придвижувањето би се одвивало со разложување на амонијакот во идните реактори на авионите, коишто би произведувале водород и азотни оксиди. Сепак, самите азотни оксиди се индиректен стакленички гас.

Новата компанија што би работела на иновативната технологија ќе ги комбинира откритијата на технологијата со ракетни мотори на Reaction Engines со финансиите од инвеститорот во чиста технологија IP Group. Се смета дека водородот како погонско гориво најпрво ќе се отпочне со користење во бродскиот транспорт.

Авиосообраќајот и бродскиот транспорт се одговорни за создавањето на 5 отсто од глобалните емисии на стакленички гасови во атмосферата, а се очекува ваквиот придонес во глобалното затоплување од нивната страна да расте и во иднина, доколку не се направат значителни технолошки промени кај транспортните средства или не се промени однесувањето на граѓаните. Овие транспортни индустрии се заложија дека ќе достигнат нулта емисија на стакленички гасови до 2050 година.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Едукативен саем за млади од областа на воздухопловство

Едукативен саем за млади од областа на воздухопловство утре на Школка

Здружението за подобро воздухопловство Авикон од Скопје утре во Градскиот парк на Школка, во 11 …