Британската амбасада ќе одржи презентација на Чивнинг програмата во Прилеп

Утре (17 септември), со почеток во 12 часот во општина Прилеп, Британската амбасада ќе одржи презентација на која сите заинтересирани ќе може да се информираат за едногодишни постдипломски студии на било кој универзитет во Велика Британија во склоп на Чивнинг програмата.

Повикот е отворен до 3 ноември, а повеќе детали за универзитетите, како и за критериумите за аплицирање, може да се прочита на овој линк.

Исто така, на Фејсбук профилот на Британската амбасада може да се погледнат видеа, во кои досегашни стипендисти го споделуваат своето искуство од студиите на универзитетите што ги нуди Чивнинг програмата.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …