Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска повика на смиреност и трпение по синоќешните инциденти на северот на Косово каде што демонстранти направија блокади со камиони.
Во текот на ноќта косовската полиција соопшти дека во три наврати од различни локации од демонстрантите било пукано кон полицајците. Дополнителни и Мисијата на ЕУЛЕКС соопшти дека врз нивно патролно возило била фрлена шок бомба. Барикадите со неколку камиони на северот на Косово продолжија и денеска. Осуда за инцидентите пристигна од ЕУ и САД.
Сите протести мора да бидат мирни и демократски. Мораме да ја браниме најважната работа за сите: мирот“, напиша таа на Твитер.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска ја оцени како закана и воена агресија вчерашната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ кој најави дека Србија ќе бара од КФОР дозвола за да постави свои безбедносни сили во Косово. Курти за ова на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека силно и одлучно ќе се брани.
„Она што премиерот на Косово, Албин Курти, го доживува како закана се нашите континуирани повици за мир и стабилност, отворен и искрен дијалог, почитување и целосно спроведување на сите договори постигнати досега“, напиша на Твитер Брнабиќ.
Таа коментирајќи ја изјавата на Курти дека „Косово не бара конфликт, туку дијалог и мир “ посочи дека неговите најстроги поддржувачи од ЕУ и САД, гледаат за што тој навистина се залага и кои се неговите вредности – а не е ниту едното ниту другото.
Претходните денови беа забележани голем број инциденти на северот на Косово, а косовската полиција го зголеми присуството. Српските претставници од ноември ги бојкотираат институциите на Косово, поради незадоволство од одлуката на властите во Приштина за пререгистрација на возилата со српски регистарски ознаки во косовски.