Брнабиќ: Србија нема да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Брнабиќ: Србија нема да учествува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, ја оцени како „срамна“ изјавата на портпаролот на Европската унија, Петер Стано, за именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово и изјави дека поради ова Србија нема да учествува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан во Тирана. „После една ваква срамна изјава на ЕУ, само уште една во низата, нема потреба Србија повеќе да учествува на самити за Западен Балкан. Или ЕУ ќе почне да ги почитува вредностите што ги пропагира или повеќе нема потреба Србија да учествува во ваква фарса. Србија за прв пат нема да присуствува на Самитот на ЕУ – Западен Балкан што ќе се одржи на 6 декември годинава во Тирана“, наведе Брнабиќ во писмената изјава.

Харадинај бара дијалог со Србите за враќање во институциите

Стано претходно изјави дека е од витално значење Приштина да ги почитува сите неопходни чекори при назначувањето министри кои ја претставуваат немнозинската заедница. Тој ги повика двете страни итно да работат на враќање на Србите во сите косовски институции, во согласност со обврзувачките договори за дијалог, а сите заинтересирани страни да се воздржат од каква било акција што би довело до зголемување на тензиите во „веќе кревката безбедносна ситуација“. „Ваква реакција е срам за ЕУ. Чекавме да видиме што ќе каже Унијата за именувањето на Рашиќ и добивме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е во спротивност со Договорот од Брисел, туку и со волјата на народот изразена на изборите, што е најважна волја“, напиша премиерот на Србија. Таа додаде дека со назначувањето на Рашиќ, Приштина продолжува да ја „потценува“ јасно изразената волја на српскиот народ во Косово.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …