Брод Бродови Дунав

Брод со 11 патници се преврте во Дунав во Србија, има и жртви

Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин

Брод со 11 патници синоќа се преврте во Дунав кај српскиот град Бачка Паланка, а медиумите во Србија пренесуваат дека има и жртви. Според првите неофицијални информации, на бродот имало 10 кинески и еден српски државјанин, за кој се претпоставува дека го управувал бродот.

Повеќе лица по превртувањето завршиле во вода, а спасувачите сè уште бараат неколку исчезнати лица, додека екипи на брза помош, полиција и противпожарна заштита се на терен. На местото на несреќата се ангажирани и специјализирани екипи за спасување на вода од Србија и Хрватска.

Надлежните органи најавија дека ќе објават официјално соопштение за причините за трагедијата откако ќе заврши истрагата.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Провладин митинг во Белград, додека мајката на загинатиот млад човек четврти ден штрајкува со глад

Провладин митинг во Белград, додека мајката на загинатиот млад човек четврти ден штрајкува со глад

Поддржувачите на владејачката Српска напредна партија (СНС) денеска се собраа во импровизиран шаторски камп пред …