КОВИД-19

Бројките растат, денеска 74 нови случаи на ковид-19 и две починати лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на ковид-19, и тоа во: Скопје – 16, Тетово – 15, Куманово – 8, Гостивар – 7, Битола – 6, Кичево – 5, Дебар – 4, Струмица – 3, Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2, Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.

Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од: Скопје – 8, Тетово – 5, Куманово – 2, Кичево и Кавадарци – по 1.

Во изминатово деноноќие регистрирани се две починати лица: еден од Скопје и еден од Кичево, при што двајцата пациенти се од возрасната група 60+ и двајцата се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковиддијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299, бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456. Најмногу активни случаи на ковид-19 во моментов има во Скопје (146), Тетово (116) и Куманово (52).

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Голем дел од Македонија утрово остана без струја поради висок напон во регионалната мрежа, вели МЕПСО

Во раните утрински часови денеска дојде до краткотраен прекин во снабдувањето со електрична енергија на …