Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

Бројките растат, најмалку 100 загинати и околу 4.000 повредени лица во експлозијата во Бејрут

Според последните извештаи за загинати и повредени лица во експлозијата со разорни последици во Бејрут, загинаа повеќе од 100 луѓе, а повредени се околу 4.000.

Владата денеска ќе воведе вонредна состојба, а на итен состанок на Врховниот совет за одбрана беше одлучено да се формира посебна комисија за да се истражи причината за експлозијата во пристаништето во централниот дел на Бејрут. Најдоцна за пет дена треба да се даде одговор на прашањето дали станува збор за несреќен случај или пак за одреден вид на терористички напад, за што исто така постои сомнеж.

Централниот делот на градот кај пристаништето, каде што се случи експлозијата е непрепознатлив од претходно. Од рушевините се крева црн облак и чад, пожарникарите и медицинските екипи се на терен, а градот е без струја.

Бидејќи болниците во Бејрут се преполни со луѓе, и хотелите во градот ќе служат за лекување на повредените лица. Во експлозијата што се случи вчера попладне, срушени се и болници во градот.

Либанскиот претседател Мишел Аун на неговиот профил на Твитер побара одговорните лица за пропустот да бидат најстроги казнети, бидејќи како што изјави, недозволиво е 2.750 тони амонијак, за кој се претпоставува дека е причина за експлозијата во Бејрут, да се чува шест години без никакви безбедносни мерки.

Оваа катастрофална трагедија која го снајде Бејрут, ја вознемири светската јавност, па голем број на држави понудија помош како Велика Британија, Франција, Грција, Египет и Кипар. Државите понудија помош според потребите на либанските власти.

Египетските пирамиди и зградата Бурџ Калифа синоќа беа осветлени во боите на либанското знаме, како знак на поддршка кон либанскиот народ и сочувство за жртвите.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Макрон повика на запирање на испораката на оружје за Израел и фокусирање кон политичко решение

Израелскиот премиер Нетанјаху, пак, во видео порака рече дека Израел ќе победи со или без …