Бројот на туристи кои го посетуваат Крушево континуирано расте

Неофицијалните податоци покажуваат дека бројот на посетители на Крушево во месец мај 2019, бил за 35 отсто поголем во споредба со истиот месец од минатата година.

„Ако во првото тримесечие имавме раст од околу 30 отсто во споредба со истиот период во 2018 година, само во месец мај имаме зголемување од над 35%. Тоа е резултат на промоцијата, богатата програма и сите содржини од областа на активниот туризам кои се нудат во градот и овие податоци покажуваат дека имаме континуитет во зголемувањето на бројките на ноќевања и туристи“, вели градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски.

Претходно беше објавен податокот дека бројот на ноќевање во 2018 година, бил зголемен за неверојатни 50% во споредба со 2017 година.

Прочитајте повеќе

полиција

Двајца приведени за убиството на лекарот во Железара

Две лица се приведени во врска со убиството на лекарот во скопската населба Железара, изјави …