Бронзен медал за македонската џудистка Теа Настоска на Балканското првенство во Турција

Бронзен медал за македонската џудистка Теа Настоска на Балканското првенство во Турција

На Балканско Првенство во џудо кое во организација на Балканската џудо асоцијација се одржува во Кочаели, Турција, на вчерашниот прв ден од натпреварувањето македонската репрезентација освои бронзен медал.

Во категоријата до 40 кг. репрезентативка Теа Настоска, членка на ЏК „Сеишин“ од Прилеп го освои третото место. Настеска демонстрираше одлично џудо и упсесите кои ги нижеше во континуитет, ги круниса со балканска бронза. Освоениот медал е прв и за македонската Џудо федерација на некој од поголемите меѓународни натпревари оваа година.

Тренерот и селектор на кадетската селекција, Дејан Мицкоски е исклучително задоволен со постигнатиот успех, потенцирајќи дека оваа е само почеток на успесите на Теа Настоска, со оглед дека ова е прва година како се натпреваува во кадетска конкуренција.

Покрај Теа Настоска, на Балканското првенство настапија уште двајца натпреварувачи од ЏК „Сеишин“, Теона Настоска и Никола Магдески кои не успеаја да се искачат на пиедесталот, но прикажаа одлични борби.

Прочитајте повеќе

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Супербоул: Канзас Сити ја одбрани титулата во НФЛ

Екипата на Канзас Сити Чифс ја одбрани шампионската титула во НФЛ, откако ноќеска во Лас …