македонско и бугарско знаме

Бугарија му одговори на Мицкоски, преговарање за преземени обврски нема

Бугарското Министерство за надворешни работи нагласува дека „без разлика дали е привремена или редовна бугарска влада, дијалогот не вклучува повторно преговарање за веќе преземените обврски од Скопје“. Ова доаѓа како реакција на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за која велат дека со неа уште еднаш отворено ја доведува во прашање европската перспектива на неговата земја.

„На властите во Скопје треба да им биде јасно дека обидите за покренување идеи за повторно преговарање на веќе преземените меѓународни обврски може да доведат само до дополнително дистанцирање од почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Овој наш став нема да се смени без разлика дали е техничка или редовна влада. Потсетуваме дека како резултат на непотребните провокации и конфронтации со соседните земји, Северна Македонија веќе изгуби премногу време во процесот на отворање на пристапните преговори, се вели во реакцијата од бугарското МНР.

Европскиот консензус од летото 2022 година меѓу 27-те земји-членки на ЕУ и Северна Македонија, посочуваат од бугарското МНР, целосно ги опишува сите чекори за постигнување напредок во процесот на европска интеграција на земјата.

„Бугарската позиција е јасно наведена во Одлуката на Народното собрание од 24 јуни 2022 година, поддржана од сите политички сили. Тоа е израз на волјата на бугарските граѓани да ја поддржат Северна Македонија во процесот на исполнување на критериумите за членство во ЕУ, под услов соседната земја да се придржува до највисоките стандарди во областа на човековите права и да ги исполни меѓународните обврски преземени во добро вера. Оваа позиција на национално ниво нема да се менува, се вели во реакцијата на бугарското МНР.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува по изборите во Бугарија на 27 октомври да се формира политичка влада со која ќе може да се разговара и да се најде „заедничко решение со кое конечно ќе се тргне децениската блокада која ја имаме како држава во евроитегративниот процес“, рече Мицкоски.

Прашан дали има други креативни решенија доколку Бугарија не сака да репреговара за уставните измени, Мицкоски рече дека треба да почекаме да се избере политичка влада во Бугарија и да се отвори дијалог со нив.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

маркет храна

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот за укинување на ДДВ на храната

Соопштение за јавност на СДСМ Податоците кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека …