Бундестагот одобри почеток на преговорите за Македонија

Бундестагот одобри почеток на преговорите за Македонија

Со 476 гласа „за“, 122 „против“ и 16 воздржани, германскиот Бундестаг одобри почеток на преговорите на Македонија за членство во ЕУ. Истовремено, германските пратеници дадоа „зелено светло“ и за Албанија.

На седницата на Бундестагот присуствуваше вицепремиерот Бујар Османи, а гласањето го поздрави и еврокомесарот во заминување, Јоханес Хан.

„Го поздравувам денешното гласање на Бундестагот за почеток на преговорите за пристап на Северна Македонија и Албанија во октомври. Признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ“, се огласи Хан преку Твитер.

 

Прочитајте повеќе

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

За две години државните институции набавиле нови возила во вредност од 8,5 милиони евра

Hајмногу возила институциите набавиле од марката Шкода, дури 90, односно една третина од сите набавени …