Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

Ковачевски: ФРОНТЕКС ги штити нашите граници, нашата безбедност и нашиот македонски јазик и идентитет, единствениот стабилен пат за нас е Европската унија

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на свеченото одбележување на почетокот на „Заедничката операција на ФРОНТЕКС во Република Северна Македонија“, како дел од договорот за оперативни активности спроведени од страна на Aгенцијата за европска гранична и крајбрежна стража ФРОНТЕКС. Во продолжение е интегралната изјава на претседателот …

Прочитајте повеќе »

Ковачевски – Дрекслер: Јасна германска поддшка за следниот чекор кон ЕУ, како шанса и потреба

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски се сретна со Петра Дрекслер, амбасадорка на Сојузна Република Германија во земјава. Премиерот Ковачевски посака топло добредојде на новата германска амбасадорка Дрекслер, пришто од двете страни се изразени определби за натамошен активен развој на македонско-германското партнерство коешто е долгогодишно и силно …

Прочитајте повеќе »

Грковска: Справувањето со корупцијата не е само добро владеење, тоа е израз на патриотизам кон државата

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го одржа вториот координативен состанок со институциите надлежни за справување со корупцијата, на кој беше разгледуван прогресот во спроведувањето на препораките од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија за 2022 година. Оваа активност, …

Прочитајте повеќе »

Распишан оглас за триесетина работни места за коридорите 8 и 10д

Работното време изнесува 40 часа, а највисоката плата, за помошник на главниот координатор на проектот изнесува 70 илјади денари. Јавното претпријатие за државни патишта објави огласи за работа за триесетина работни места поврзани со коридорот 8 и 10д кој треба да го гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ во партнерство со …

Прочитајте повеќе »

(Видео) Ковачевски: Обезбедивме дом за уште 312 семејства во новата, најголема социјална зграда во државата, во општината Бутел

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, со заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи, со директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев, денеска беше во општината Бутел, …

Прочитајте повеќе »

СДСМ: „Јагео“ е најголема странска инвестиција од независноста, 205 милиони евра и 4.000 нови работни места

СДСМ

Соопштение за јавност на СДСМ Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати. Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна. Потврда за тоа е последната инвестиција во државава – инвестицијата на тајванската компанија „Јагео“ …

Прочитајте повеќе »

Во вторник започнува исплатата на априлските пензии

пензионери пензии

Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензиите за месец април, 2023 година. Исплатата ќе се врши во четири групи, според висината на пензијата и тоа: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши во вторник, 25.04.2023 година; За пензии со висина …

Прочитајте повеќе »

Ќе се работи на нов Изборен законик и исполнување на препораките на ОБСЕ/ОДИХР

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР и по последните локални избори од 2021 година побара суштински реформи во однос на изборното законодавство. Министерството за правда денеска информираше дека е формирана работна група за реформи во изборното законодавство, која ќе треба да ги имплементира препораките на ОБСЕ/ОДИХР. Паралелно со ова, од министерството велат дека …

Прочитајте повеќе »