Актуелно

Актуелни новости од Македонија и светот

Ковачевски: Со мерката младински додаток на СДСМ, плус 3.000 денари месечно во џебот на секој млад човек

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, денеска ја посети компанијата „Киел Македонија“, во ТИРЗ зоната во Тетово. Во рамки на посетата, Ковачевски се сретна и разговараше со повеќе млади луѓе кои работат во компанијата. Во разговорот претседателот Ковачевски ја истакна предноста на мерката „Младински додаток“, мерка која ја воведе Владата предводена …

Прочитајте повеќе »

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

На сите транспортери и превозници кои вршат транспортна дејност и поседуваат сертификати за професионални возачи, во следниот период им се овозможува по брза лента да можат да ги заменат своите патни документи. Оваа мерка беше договорена по барање на Министерството за транспорт и врски и здруженијата и асоцијациите на транспортери …

Прочитајте повеќе »

Јулија Навалнаја: новото лице на руската опозиција?

Јулија Навалнаја сака да ја продолжи борбата на нејзиниот покоен сопруг, Алексеј Навални. Која е таа? Какви шанси има против режимот на Путин во Русија? Три дена по смртта на Алексеј Навални, неговата сопруга Јулија јавно објави дека ќе го преземе управувањето со фондацијата на нејзиниот сопруг, посветена на борбата против корупцијата. Таа инсистира …

Прочитајте повеќе »

Шилегов: Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што нивните пратеници вадат пасоши со новото уставно име

Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши, а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија, рече членот на ИО на СДСМ, Петре Шилегов …

Прочитајте повеќе »

Соединетите Американски Држави воведуваат санкции против Русија

Соединетите Држави (САД) денеска воведуваат нови санкции против Русија пред втората годишнина од руската инвазија на Украина, изјави за Ројтерс заменик-секретарот за финансии на САД, Воли Адејемо. Адејемо изјави дека оваа акција ќе таргетира 500 цели, кои треба да бидат предмет на санкции. „Акцијата, преземена во партнерство со други земји, …

Прочитајте повеќе »

„Трка за Водно“: Расте бројот на кандидати за претседател

Против актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски ќе трчаат Гордана Силјановска-Давкова, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари, Стевчо Јакимовски и Максим Димитриевски. Министри, пратеници, професори и тројца градоначалници влегуваат во трката за избор на претседател во Северна Македонија. Изборите се закажани за на 24 април, а досега повеќемина кандидати пројавија амбиции за оваа …

Прочитајте повеќе »

Денеска сончево време, за викендот променливо облачно со повремен дожд

сончево дождливо

Времето денеска ќе биде сончево, со умерена облачност и релативно топло . Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени Целзиусови. За време на викендот и во понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во сабота ќе дува …

Прочитајте повеќе »

Кузеска: Наместо аматерски скечеви, пратениците од ДПМНЕ да ги вратат дипломатските пасоши со новото уставно име

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани граѓани, Додека ДПМНЕ сее лаги и ги манипулира граѓаните, нивните пратеници со дипломатски пасош со новото уставно име им се посмеваат на граѓаните. Токму оние што прават шоу по границите, како пратеникот Миле Лефков од ДПМНЕ имаат дипломатски пасош со новото уставно …

Прочитајте повеќе »