Актуелно

Претставници на сите партии од парламентарното мнозинство потврдија дека мнозинството во Собранието е стабилно

Денеска на покана на премиерот Заев во Владата се одржа средба на претставници на сите политички партии кои го сочинуваат парламентарното мнозинство во Парламентот. Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината …

Прочитајте повеќе »

„Ѓерданот од камења“ околу вратот на Заев

Отворено писмо до Зоран Заев Драг пријателе, Одлика на големите политичари е да бидат великодушни во победата и достоинствени во поразот. И во двата случаја, ти потврди дека припаѓаш во таа категорија, толку ретка за политичари од балканското поднебје. Победите и поразите се составен дел на животот, не само на …

Прочитајте повеќе »

ДПА, НСДП, ДОМ и ЛДП остануваат дел од владејачкото мнозинство

Седница на Владата

Помалите коалициони партии дел од власта како ДПА, НСДП, ДОМ и ЛДП најавија дека остануваа дел од парламентарното мнозинство. Во Владата денеска на средба се повикани лидерите на коалиционите партии која следи по оставката на Зоран Заев од премиерската функција и од лидер на СДСМ откако владејачката партија беше поразена …

Прочитајте повеќе »

Прилеп: Соопштени имињата на добитниците на Третоноемвриските награди

Во просториите на Општина Прилеп денеска се оддржана прес конференција, на која Комисијата за одбележување значајни настани, личности и празници ги соопшти  овогодишените добитниците на плакети и дипломи  „3 Ноември“. Оваа година по повод Денот на ослободувањето на Прилеп се доделуваат три награди за животно дело – Златна плакета. Награда …

Прочитајте повеќе »

Реакции на експерти по оставката на Заев: Тропа на врата политичка криза во земјава

Северна Македонија е пред политичка криза, со повеќе излезни решенија, но и со нејаснотии како ќе излезе од неа во ситуација кога на подрачјето на Западниот Балкан треба да се решаваат сериозни надворешнополитички прашања меѓу соседите, но и самава земја ќе треба да го решава спорот со Бугарија за почеток …

Прочитајте повеќе »

Заев: Заедно со граѓаните донесовме слобода и демократија, а кога е демократија има и одговорност, поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ Зоран Заев Почитувани граѓани, Дозволете од името на СДСМ и сите наши луѓе да им ја честитам на нашите опоненти победата на овие локални избори. Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам …

Прочитајте повеќе »

Димитров за Еуроњуз: „Бугарија со својата политика го компромитира македонско-бугарското пријателство, а става вето и на ЕУ кон регионот“

На маргините на Белградскиот безбедносен форум, во интервју за Еуроњуз, вицепремиерот Никола Димитров зборува за кредибилитетот на ЕУ во регионот, во светло на последниот пакет за проширување на Европската комисија, како и регионалната соработка и нејзината важност во контекст на европската интеграција. Осврнувајќи се на наодите од последниот Извештај на ЕК …

Прочитајте повеќе »

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Со враќањето на стрелките на часовникот еден час назад, ноќеска во 3 часот по полноќ започнува зимското сметање на времето. Со тоа, времето во 3 ќе се смета како 2 часот. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога …

Прочитајте повеќе »