Пари

Официјално отворена 4. Годишна конференција за е-трговија во Македонија

Денес, во хотелот „DoubleTree by HIlton“ во Скопје под мотото „Ready, Set, Grow“, започна Четвртата годишна конференција за е-трговија на која присуствуваат речиси 500 учесници, а свое излагање ќе имаат 28 еминентни говорници од земјата и странство. Дигитализацијата и дигиталната нација, безбедните и иновативни е-плаќања, влијанието на COVID-19 врз е-трговијата, …

Прочитајте повеќе »

Растот на инфлацијата и реалната опасност од неа

Растот на цените, пандемијата,енергетската криза и нарушените синџири на снабдување ја подгреаја инфлаторната спирала. Вторпат годинава, Народната банка прави корекција на инфлацијата, која од првичната прогноза за 1,5%, преку 2,2 отсто, сега се искачи на проекција за 3,1% инфлација до крајот на годинава. Оценката на монетарната власт „на прва“ делува загрижувачки, оти …

Прочитајте повеќе »

Горивата поевтинуваат за половина денар, екстра лесното масло за домаќинства за денар

бензинска станица

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија (РКЕВУ) донесе одлука со која горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, екстралесното масло за домаќинства за денар, а мазутот за 0,7 денари. Станува збор за поевтинување на нафтените деривати од 1,03 отсто во однос на …

Прочитајте повеќе »

Буџет од 4,4 милијарди евра – за развој или за гаснење социјален пожар?

Растот на платите среде криза е ризично сценарио кое ќе ја изеде развојната компонента на државната каса предупредуваат упатените. Стопанствениците очекуваат и конструктивност од опозицијата. Зголемени капитални расходи, намалени непродуктивни трошоци. Вака накусо изгледа владиниот предлог за државната каса во 2022 година кој влегува во собраниска процедура. Буџетот е рекордно тежок и …

Прочитајте повеќе »

Од ноќеска бензините ќе поскапат за половина денар, а дизелот за толку ќе поевтини

бензин дизел бензинска

Од ноќеска бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапат за половина денар за литар, додека малопродажните цени на дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство ќе се намалат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени …

Прочитајте повеќе »

Денеска почнува исплатата на октомвриските пензии

Од денеска започнува готовинската исплата на пензии која согласно нивната висина, банките ја организираат во четири групи: – За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши денеска, вторник, 26.10.2021 година; – За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата ќе се изврши утре, среда, 27.10.2021 година; – За …

Прочитајте повеќе »

Фајнанс Тинк: Вакцинацијата заштедила најмалку 2,8 милиони евра во текот на делта бранот

Имунизацијата на населението со вакцини против ковид-19 ги намалила трошоците за хоспитализација на пациенти во македонските болници за 170,8 милиони денари, односно најмалку 2,8 милиони евра во текот на последните пет недели од делта бранот, се наведува во најновиот Бриф за политиките на Фајнанс Тинк. Од Фајнанс Тинк пресметале дека …

Прочитајте повеќе »

Годишна даночна пријава – највисок доход во 2020 година

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на денешната прес-конференција ги презентираше податоците од Годишната даночна пријава за 2020 година на која истакна дека Управата за јавни приходи изготви и достави пополнета Годишна даночна пријава за 769.794 граѓани. Искажаниот годишен бруто доход во пријавите изнесува 331.146.120.469,00 денари, а пресметаниот …

Прочитајте повеќе »