Цела животна приказна во само една фотографија: „Не е тежок, тој ми е брат“

Цела животна приказна во само една фотографија: „Не е тежок, тој ми е брат“

Една од најтажните фотографии снимена е во Јапонија, непосредно после атомскиот напад на Нагасаки во 1945 година.

Фотографирано е јапонско момче, кое на својот грб го носи телото на помалото братче настрадано во бомбардирањето. Крематориумот, каде момчето го носело телото на своето братче, бил оддалечен повеќе од стотина километри од градот, пат кој момчето го одело со денови.

Фотографот Џо О’Донел, автор на фотографијата, во својот дневник напишал:

„Видов момче старо околу 10 години. Носеше дете на грбот. Во тие денови во Јапонија, често гледавме како децата си играат со своите помали браќа и сестри носејќи ги на грбот. Но ова момче очигледно беше поинакво. Забележавме дека тука дошло од некоја сериозна причина. Беше босо, без чевли на нозете. Лицето му беше сериозно, но без премногу емоции. Назад, на грбот, можеше да се види малечка глава, навалена наназад. Изгледаше како детето да спие.

Момчето десетина минути стоеше неподвижно, па луѓето со бели маски полека почнаа да го одврзуваат јажето со кое го држеше братчето. Дури тогаш видов дека детето е веќе мртво. Момчето стоеше мирно, немо набљудувајќи го процесот на кремирање. Толку силно ја прегриза долната усна, што од неа потече крв.

Тогаш стражарот му пријде и му рече: „Дај ми го товарот кој го носиш на грбот“.

Момчето тивко му одговори: „Не е тежок, тој ми е брат“.

Потоа се помоли, го погледна својот брат за последен пат, без збор се заврти и засекогаш замина“.

Џо О’Донел во Јапонија бил на службена задача за американската војска, со цел да ја документира штетата предизвикана од воздушните напади и атомските бомби. Во таа 1945 година, 7 месеци поминал во западна Јапонија, следејќи ги разрушувањата, пребројувајќи ги живите, мртвите, ранетите, бездомниците и сирачињата.

Ставот на момчето го прикажува војничкото влијание, а обидот да изгледа храбро во моментот додека срцето му се крши, е олицетворение на духот на поразениот народ.

Прочитајте повеќе

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

АХВ: Операторите со храна да не ги полнат пакетчињата со чоколади со поминат рок

Oператорите со храна да бидат одговорни и да не се обидуваат да манипулираат со потрошувачите, …