бензини Бензините

Цената на дизелот се намали за 6,5 денари, бензините поскапеа за денар

Цената на дизелот се намалува за 6,5 денари, а на брнзините се зголемува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на Еуродизел ќе изнесува 95 денари, откако претходно ја проби границата од над 100 денари. Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денари и ќе се продаваат за 94, односно 96 денари за литар.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 97 денари, додека цената на мазутот се намалува за 1,166 денари за килограми ќе биде 44,410 денари.

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад информира дека во споредба со претходната пресметка цените бележат зголемување кај бензините во просек за 2,212% или за 25,500 долари затон, а кај дизелот намалување во просек за 8,237% или за 115,400 долари за тон.

Прочитајте повеќе

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Лукароска: Нула реализирани проекти и китење со туѓи перја – Проданоски го продолжува 5-годишното назадување на Прилеп

Прес-конференција на претседателката на ОО СДСМ-Прилеп, Петра Лукароска Китење со туѓи перја, неспособност да се …