Фејсбук статус на денот

Чеге Вара на денот

Некој го празнува Свети Трифун. Други го именуваат како Свети Трипун. Трети го слават Свети Валентин… За некои е само обичен ден, како и сите други. Што и да празнувате, кого и да славите, имајте убав ден. И нека ви е за многу години.
Мојот однос кон денешниот ден, како и кон многу други, најдобро го има дефинирано прекрасната Ана Бунтеска. Во еден исечок од нејзината „Не ми треба ден за љубов“ Ана вели:
„…не ми треба ден за љубов
оти мојата е вековна
и не ќе ти ја покажам само во еден ден
ќе мора трпелив со мене да си
да ја читаш еве вака
да те послужам со неа како слатко од смокви
со чаша бистра и ладна вода
полека
како што ќе врват деновите така да ја откривам
срамежливо како млада невеста
полека како што зимава одминува
не сакам
ете инаетливо не сакам ден за љубов
ниту ден за вино со тебе ми треба
ми треба ова мое време
што е сега и тука…“

Прочитајте повеќе

Фејсбук статус на денот

Фејсбук статус на денот