„Чекај ме“: Тажната приказна за најубавите љубовни стихови

Константин Симонов е еден од највлијателните руски писатели на сите времиња. Тој е шесткратен добитник на „Сталиновата награда“, „Лениновата награда“, орденот „Бел лав“, а прогласен е и за херој на Советскиот Сојуз. Сепак, ширум светот ќе остане запаметен по стиховите за песната „Чекај ме“.

Приказната поради која Симонов ја напишал песната, е многу лична и трагична.

Во животот на Константин Симонов постоела само една жена – славната советска глумица Валентина Серова, во која бил смртно заљубен. Таа била во брак со генералот Анатолиј Серов, кој загинал во 1939 година. Првата средба на Константин и Валентина се случила во 1940 година, за време на театарска претстава во која таа ја играла главната улога.

И кога се чинело дека нивната љубов ќе процвета, Константин бил мобилизиран и станал воен известувач од фронтот. Тоа искуство кај него ќе остави траен белег, бидејќи бил сведок на некои од најкрвавите битки во историјата на човештвото: одбраната на Сталинград, битката кај Одеса, борбата за Берлин…

Константин напишал повеќе песни и текстови за Валентина, меѓу кои и драмата „Историја на една љубов“, во која таа го толкувала главниот лик.

Во 1941 година, во еден од рововите, сигурен дека нема да се врати дома, Константин Симонов ја напишал својата најубава љубовна песна „Чекај ме“. Во мислите му била само Валентина, а неговата ода требало да претставува порака за неа, кога него веќе нема да го биде.

Во џебот на неговиот шинел стиховите поминале цели две години, после што се случило чудо, бидејќи Константин се вратил дома жив и здрав.

Но, оваа приказна нема среќен крај, бидејќи неговата љубов никогаш не била возвратена.

Да биде иронијата поголема, после сите перипетии низ кои поминале, Константин и Валентина немале среќа во бракот, кој не успеал да ги преживее трачевите за нејзините наводни неверства.

Во 1957 година Константин ја напуштил Валентина, а нејзиниот живот и кариера тргнале по надолна линија. Една од најубавите жени во Советска Русија умрела во Москва во 1975 година, на 58-годишна возраст, сама и заборавена од сите.

После разделбата од Валентина, ни Константин не ја пронашол среќата. Комплетно и’ се посветил на кариерата, а неговото единствено семејство станале книгите и стиховите. Починал во 1979 година, обидувајќи се и покрај противењето на војската, да создаде архива на сеќавања на борците од Втората светска војна.

Приказната за Константин Симонов и Валентина Серова го помина светот, а „Чекај ме“, песната за неговата љубов кон познатата руска глумица, преведена е на 35 јазици.

Чекај ме

Чекај ме, и ја ћу сигурно доћи
само ме чекај дуго.
Чекај ме и када жуте кише
ноћи испуне тугом.
Чекај и када врућине запеку,
и када мећава брише,
чекај и када друге нико
не буде чекао више.
Чекај и када писма престану
стизати издалека,
чекај и када чекање дојади
свакоме који чека.

Чекај ме, и ја ћу сигурно доћи.
Не слушај кад ти кажу
како је време да заборавиш
и да те наде лажу.
Нек поверују и син и мати
да више не постојим,
нека се тако уморе чекати
и сви другови моји,
и горко вино за моју душу
нек пију код огњишта.
Чекај. И немој сести с њима,
и немој пити ништа.

Чекај ме, и ја ћу сигурно доћи,
све смрти ме убити неће.
Нек рекне ко ме чекао није:
Тај је имао среће!
Ко чекати не зна, тај неће схватити
нити ће знати други
да си ме спасила ти једина
чекањем својим дугим.
Нас двоје само знаћемо како
преживех ватру клету, —
напросто, ти си чекати знала
као нико на свету.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …