Почитувани,

Во мое лично име и во име на Општина Прилеп, на сите наши сограѓани со исламска вероисповед им го честитам големиот верски празник Курбан Бајрам.

Празникот на солидарноста и хуманоста, празникот на споделувањето и опростувањето, отсекогаш бил еден од основните темелници на нашата вековна традиција на соживот и меѓусебно почитување.

Во тој дух, ви посакувам празничните мигови да ги поминете во мир и благосостојба, во добро здравје и убаво расположение, исполнети со многу љубов и радост во вашите домови и семејства.

Нека е честит Курбан Бајрам.