• Импресум
  • Контакт
  • Политика на приватност
Оди на...
    ПУБЛИКУМ ПУБЛИКУМ
    • Почетна
    • Македонија
      • Прилеп
      • Партиска хроника
      • Фејсбук статус на денот
      • Избрани твитер статуси
      • Писма од читатели
    • Глобус
    • Пари
    • Анализа
    • Интервјуа
    • Колумни
      • Чеге Вара
    • Магазин
      • Спорт
      • Техника
      • Авто-мото
    Оди на...

      Честитка на премиерот Заев до припадниците на АРМ

      18/8/2018
      Македонија
      Честитка на премиерот Заев до припадниците на АРМ

      Драги припадници на Армијата на Република Македонија,

      Браво: за вашите успеси низ годините, за достоинственото претставување на Македонија во мировните мисии и светот, за врвната професионалност со којашто секогаш стоевте и стоите, во секакви услови, на браникот на потребите и интересите на граѓаните на Република Македонија, а и на светот.

      Почитувани припадници на АРМ,

      Овој драгоцен потенцијал што го вложувате во својата земја од независноста на Македонија, и во светот, оваа 2018 година го постави на вашите униформи највредниот орден што секогаш ќе стои на вас. А со којшто `не направивте горди и сите нас во Македонија. Тоа е поканата за отворање пристапни преговори за членство во НАТО.

      Влегуваме во НАТО како рамноправна 30-та земја членка на Алијансата!

      НАТО е сигурност и безбедност за една држава и нејзините граѓани, но НАТО е и повисок животен стандард, и инвестиции, нови работни места, повисоки плати, и современо здравство, и квалитетно образование.

      Вие, кои со години стоите рамо до рамо со вашите колеги од НАТО, најдобро знаете што значи да сме под закрила на НАТО, што благодарение на вас се отвори и за сите граѓани на Република Македонија.

      Оддавам почит и признание за сиот ваш труд, трпение, непреспиени ноќи, и пред се надеж, и верба – дека еден ден Република Македонија ќе ја биде. Дека ќе се почитува според светските стандарди вашата професионална работа, и ќе биде добро за сите граѓани.

      Благодарам што овозможувате на граѓаните и на Македонија да продолжат напред.

      Нека ни е честит Денот на Армијата на Република Македонија, на сите во државата!

      Споделете :
      • Facebook
      • Twitter
      Шарпланинецот Астор стана сопственик на титулата „Млад светски шампион“
      Следно
      Шарпланинецот Астор стана сопственик на титулата „Млад светски шампион“
      Поезијата на Руми одекна во ресенскиот Сарај
      Претходно
      Поезијата на Руми одекна во ресенскиот Сарај

      Слично

      • 21/2/2019

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле

        Заев се сретна со претседателот на италијанската антикорупциска управа, Рафаеле Кантоне
        21/2/2019

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се

        Битола: Ефикасноста и економичноста во работењето на „Мегленци“ ќе се зголемува со нова механизација
        21/2/2019

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните

        Русковска: Целата структура на ВМРО-ДПМНЕ била во функција на настаните од 27 април
      • “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        “Глогов колец“ во срцето на СЈО
        19/2/2019
      • Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        Кривогаштани: Одговорност за вработените во локалната самоуправа заради лажно прикажување на финансискиот долг
        18/2/2019
      • На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        На подрачјето на Прилеп, МВР спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи под дејство на алкохол
        18/2/2019
      Дозволено е превземање со наведување на изворот и линкување. 2016 Публикум МЕДИА