Миле Зечевиќ: СДСМ е чуварот на сегашноста, гарантор на стабилноста, напредокот и иднината

Миле Зечевиќ: СДСМ е чуварот на сегашноста, гарантор на стабилноста, напредокот и иднината

Честитка од генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ по повод 31 роденден на СДСМ

Почитувани другари и другарки сопартијци и сите вие кои ги негувате вредностите на социјалдемократијата,
Нека ни е среќен роденденот!

Денес, секој од нас треба да е горд на придонесот за државата да биде дом за сите, затоа што сме се вградиле директно или индирекно преку своите визии, делувања и работа.

СДСМ е синоним за државотворна и одговорна партија.

Од процесот на мирно создавање независна држава, меѓународно признавање, преку кандидатски статус за членство во ЕУ и реализирање на стратешката цел поставена уште од независноста – членството во НАТО алијансата!

Обезбедивме сигурност и стабилност, мир и загарантиран територијален интегритет.

Нашиот концепт Едно општество за сите е пример за меѓусебно почитување и соработка.
Затоа велам дека СДСМ е чуварот на сегашноста, гарантор на стабилноста, напредокот и иднината.

Пред нас се нови предизвици. И не само економски и политички, кои сите ги живееме, зборувам за предизвиците во продолжување на носење на одлуки кои ќе ни го зајакнат заедништвото и достоинството, како дома така и во големото семејство на европските државотворни народи и ќе донесат сигурна и стабилна иднина за младите.

Да се надминеме во поделбите и да се отргнеме од ретроградните наративи. Само обединувањето ќе не’ зајакне и ќе не’ направи посилни во континутетот кој го имаме од нашите претци кои не задолжиле како аманет за сите идни генерации.

Среќен 31 роденден СДСМ!

Да живее Социјалдемократскиот сојуз на Македонија!

Прочитајте повеќе

СДСМ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

СДСМ: Изборот на 24 април е надеж и европска иднина со Пендаровски или безнадежност и враќање назад со Силјановска

Прес-конференција на Санела Шкријељ, пратеничка на СДСМ Почитувани, Изборот на 24 април сега е кристално …