Честитка од градоначалникот Јованоски по повод Курбан Бајрам

Честитка од градоначалникот Јованоски по повод Курбан Бајрам

Почитувани сограѓани од муслиманската вероисповед,

Во овие празнични мигови, со желби за радост, среќа, благосостојба и душевен мир, дозволете да Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Овој празник не’ потсетува на вредностите што празникот ги слави: меѓусебната почит, солидарноста, добрината кон различните и помошта на немоќните.

Големите верски празници се денови за потенцирање на вредностите на заедничкиот живот, на соживотот на луѓето од различна вероисповед. Сите ние, граѓаните од различни вери и заедници, треба да продолжиме заедно да ја градиме иднината на Прилеп и на Република Македонија, бидејќи тоа е единствениот вистински пат за сите нас.

Уште еднаш Ви го честитам Курбан Бајрам и Ви посакувам деновите на празнување да ги поминете со добра мисла и во семејно опкружување.

Со почит,

Градоначалник на Општина Прилеп

Илија Јованоски

Прочитајте повеќе

Кандидати кампања

Завршува кампањата, од полноќ предизборен молк

За време на молкот, на 23 и на 24 април (до 19 часот), запира медиумското …