Почитувани сограѓани,
Годинава се навршуваат 117 години од Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, два исклучително значајни и светли денови од нашата херојска историја и борбата за независна Македонија.

Одбележувајќи ги овие славни денови од нашето минато, им оддаваме почит на илјадниците знајни и незнајни борци и револуционери, кои со својата жртва ги поставија темелите за остварување на вековниот идеал на Македонците за своја слободна и самостојна држава.

Денес, како земја – членка на НАТО која забрзано чекори и на патот кон интеграција во Европската Унија, ги остваруваме нашите стратешки цели за слободна, демократска и развиена држава која застанува рамо до рамо со најмоќните земји во светот.

Да продолжиме да си ја градиме и чуваме татковината.

Нека ни е честит и вековит Илинден!