Честитка од претседателот Пендаровски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Датумот на основањето на македонската револуционерна организација е пресвртната точка од која започна долгиот и макотрпен пат за создавање на независна македонска држава. Благодарение на визијата на тогашните напредни интелектуалци за слобода и за правда, се осмисли почетокот за револуционерна борба и се обединија прогресивните сили во стремежот за остварување на националните и социјални идеали.

Драги сограѓани,

Во македонската револуционерна организација имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја  Македонија слободна и независна.

Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време,  да си ја сакаме и чуваме државата,  да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана. Да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери.

Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба.

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …