Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Почитувани сограѓани,

Нека ни е честит 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците. Со особена гордост го празнуваме овој значаен ден водејќи сметка за историјата, културата и за традициите на бошњачкиот етникум кој е нераскинлив дел од нашето мултикултурно општество. Сите ние, поединечно, без разлика на која етничка група или религија припаѓаме сме одговорни да ги негуваме почитта и меѓусебното разбирање, потврдувајќи дека нашата држава и понатаму е пример дека различностите се најголемо богатство.

Почитувани припадници на Бошњачката заедница,

Република Северна Македонија, како наш заеднички дом, заслужува да биде развиена и модерна европска држава, заедница на среќни граѓани. Затоа ве повикувам како и досега, да продолжиме посветено да градиме општество еднакво за сите и заедно да работиме за подобра и посветла иднина. Тоа си го должиме себеси и на генерациите што следат. Верувам дека заедно можеме да ја оствариме визијата за стабилна и просперитетна Република Северна Македонија.

Дозволете, уште еднаш, да ви го честитам 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците и да ви посакам многу здравје, среќа и бериќет.

Стево Пендаровски

Претседател на Република Северна Македонија

Прочитајте повеќе

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

Утре на пладне заеднички час на платото на УКИМ – студентите ќе изразат сочувство за жртвите

Студентите на Универзитетот Св. Кирил и Методиј (УКИМ) најавија дека почнувајќи од утре (понеделник) па …