Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Честитка од претседателот Пендаровски по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до сите верници од православна вероисповед во Република Северна Македонија.

Почитувани сограѓани,

Дозволете ми, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, на сите верници од православна вероисповед да им упатам најсрдечни честитки со искрена желба празникот да го минат во добро здравје и во благосостојба,  исполнети со љубов и со хармонија.

Како еден од најзначајните празници посветен на Мајката Божја, Успение на Пресвета Богородица се прославува со особена радост во храмовите и во домовите на верниците. На големите собири кои традиционално се организираат за празникот, верниците ја делат трпезата и радоста со ближните  и покажуваат грижа и солидарност. За жал, со оглед дека сè уште сме во екот на пандемијата со Ковид-19 која е огромна закана за нашите животи и за нашето здравје, годинава ќе мораме да го прославиме празникот одговорно и дисциплинирано, спроведувајќи ги сите правила и препораки. Верувам дека поинаквото секојдневие и видоизменетиот начин на практицирање на нашата вероисповед нема да ја разниша, туку напротив ќе ја зголеми нашата вера и духовност.

Да продолжиме да споделуваме со ближните во секоја прилика и да создаваме мир во нашите срца ширејќи ведрина и оптимизам.

Нека ни е честит празникот и за многу години.

Прочитајте повеќе

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Нафтените деривати од вечерва со нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги …