Четири години од настаните во Диво Насеље

Четири години од настаните во Диво Насеље

Денеска се навршуваат четири години од оружената пресметка во кумановската „Дива населба“, која траеше два дена, при што животот го загубија осум припадници на Министерството за внатрешни работи, кои посмртно беа одликувани со орден за храброст, додека четириесетина беа тешко повредени.

Во вооружената престрелка беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

За настаните во „Диво насеље“ од февруари 2016 година во Кривичниот суд се водеше судско рочиште против 29 лица кои се товарат за сторени кривични дела „Терористичка организација” и „Тероризам”.

Кривичниот суд во ноември 2017 година на казна доживотен затвор осуди осуммина обвинети за нападот во кумановска Дива Населба, а 13 обвинети добија казна од 40 години затвор.

Пресудата која еднаш беше донесена беше укината, а случајот беше даден на СЈО, зашто во политичките превирања во изминатите години, како и за повеќе други настани беше најавувано дека СДСМ има „бомби“ кои ќе помогнат во расветлувањето на тие случаи. Но, СЈО, вчера кажа дека во прислушкуваните разговори засега нема ништо за случајот „Дива населба“.

Владата во ноември минатата година прифати да биде отворена меѓународна истрага за случајот „Дива населба“. Премиерот Зоран Заев изјави дека е информирана меѓународната заедница и оти се бараат начини за спроведување на меѓународна истрага за неразјаснетите околности поврзани со настаните во кумановската „Дива населба“.

Извор: АлсатМ

Прочитајте повеќе

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

ЈЗУ Општа болница Прилеп: Изјавата на Александар Николоски од ДПМНЕ е лага и груба манипулација со политичка позадина

Реакција на Кети Смилеска, директорка на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ Прилеп на вчерашната изјава …