Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови

Четири лица осомничени за тешка кражба и сквернавење гробови

Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика

Според новото соопштение на Основното Јавно Обвинителство, Јавен обвинител од ОЈО Скопје поведе постапка против четири лица кои се осомничени дека во соизвршителство сториле кривични дела – Тешка кражба од член 236 став 1 точка , како и – Сквернавење гроб согласно член 400 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничените, на 17 септември, влегле на градските гробишта во Бутел, дошле до алејата на заслужни граѓани и со употреба на физичка сила успеале да ја откорнат и турнат бронзената биста со два човечки лика во седечка положба од платформата на гробот на починатите Стале Попов и Бранка Поповска.

Бистата била зацврстена со анкери, при што тие ја разурнале и оштетиле самата платформа на гробот и го осквернавиле гробното место.

Откако бистата ја собориле на земја, ја влечеле се до жичената ограда каде претходно направиле отвор и преку отворот ја префрлиле бистата и ја натовариле во автомобил, со намера да ја присвојат. Проценетата вредност на бистата во сопственост на наследничка на починатите изнесува околу 320.000 денари.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за сите четворица осомничени.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Соработка што брише граници: Крива Паланка и Ќустендил со план за развој на 2 региони

Соработка што брише граници: Крива Паланка и Ќустендил со план за развој на 2 региони

Општина Крива Паланка и бугарската општина Ќустендил отвораат ново поглавје кое ветува реални придобивки за …