Вработен во шумската полиција, пријавил дека на 11-ти април во 13.30 часот, од с.Древеник кон с.Долно Српци се движеле неколку трактори натоварени со дрва, кои не застанеле на дадениот знак од страна на шумарот.
По пријавата од шумската полиција, на лице место биле затекнати 4 лица како ги влечат исечените стебла и ги собираат, за потоа да ги пренесуваат.
Веднаш по пријавата, полициски службеници од СВР Битола излегле на терен во атарот на с.Долно Српци, каде биле забележани лицата: О.Р.(44), К.С.(54), Г.С.(30), тројцата од Д.Српци, и М.И.(65) од Прилеп. Тие не поседувале соодветна дозвола за движење за време на мерката за забрана на движење. Сите четворица биле лишени од слобода и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Еден од четворицата приведени заради кражба на дрва е Оливер Ристески (44), претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Могила.
ПУБЛИКУМ Вистината на прво место