Три медали за македонските џудо-надежи на Европскиот куп во Сараево

Три медали за македонските џудо-надежи на Европскиот куп во Сараево

На Европскиот куп во џудо за пионери и помлади пионери кој се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина, младите македонски џудисти постигнаа огромен успех.

Од четворицата натпреварувачи кои на Европскиот куп ја претставуваа нашата земја, тројца се искачија на победничкиот пиедестал.

Во категоријата пионери до 46 кг, македонскиот репрезентативец и член на ЏК „Пролетер“, Марко Димитријоски, го освои сребрениот медал, додека во категоријата до 44 кг, Емилија Паскоска од ЏК „Миоки“ се закити со бронзениот медал.

Кај помладите пионери, Џени Димитријоска од ЏК „Пролетер“ освои бронзен медал во категоријата до 44 кг. Иако остана без медал, одличен впечаток остави и Виктор Стојаноски, исто така член на прилепскиот ЏК „Пролетер“, кој го освои петтото место.

„Постигнатиот успех на младите џудисти на Европскиот куп во Сараево не е случаен, бидејќи нему му претходеа повеќе контролни натпревари на кои нашите млади натпреварувачи постигнаа одлични резултати. После еден ваков огромен успех, она што треба да следува е инвестирање во нивна дополнителна надградба и создавање услови за учество на младите и талентирани македонски џудисти на што поголем број натпревари од ваков карактер“, вели селекторот на македонската пионерска репрезентација и тренер на ЏК „Пролетер“ од Прилеп, Игор Димитријоски.

Прочитајте повеќе

Каранфилова-Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Каранфилова-Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

Изјавата на претседателот на Европскиот совет е прецизна и кога станува збор за тоа како …