Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа над Солунска Глава

Четиричлено семејство од Бугарија загина во авионска несреќа над Солунска Глава

Авион од марката Цесна П-210, исчезнал од радарот попладнево на 26 километри јужно од Скопје, кај планинскиот врв Солунска Глава. Според информации од Агенцијата за цивилно воздухопловство, во леталото имало 4 бугарски државјани кои летале на релација Охрид – Софија. Во 16 часот и 16 минути биле известени за губење на контактот со авионот, по што веднаш била започната акција за потрага. Контактот со малиот авион се изгубил на локација кај планината Солунска Глава.

Остатоците од авионот и безживотните тела на четворицата патници биле лоцирани од хеликоптери и спасувачки екипи на МВР. Според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство, авионот летал на релацијата Охрид-Софија. Неофицијално, авионот се урнал поради лошите временски услови. Првичните информации велат дека во авионот се наоѓало четиричлено семејство од Бугарија.

Прочитајте повеќе

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Support Kocani: Обезбедени медицински креми од 1 милион денари за настраданите од пожарот

Граѓанската иницијатива Support Kocani продолжува со својата континуирана хумана мисија за помош на лицата кои …