После вчерашната престрелка во Мала Речица, во која беше убиен Неип Реџепи од кумановскиот огранок на ДУИ, од СВР Тетово за државната агенција МИА потврдуваат дека се упасени 4 лица.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање траги од местото на настанот, кои ќе бидат предадени на вештачење. Исто така, издадена била и наредба за анализа на ДНК профили, земање на парафинска ракавица и за обдукција на убиеното лице.

Според неофицијалните информации, убиениот Реџепи бил еден од кандидатите за претседател на кумановскиот огранок на ДУИ.