Четврта жртва од македонскиот автобус што се преврти кај Лесковац

Синоќа на Клиничкиот центар во Ниш почина уште една жена која беше повредена во превртениот македонски автобус кај Лесковац.

Како што пишуваат српските медиуми, С.Т била тешко повредена во несреќата што се случи на 16. декември во близина на Лесковац. С.Т. имала скршеница на карличната коска и била оперирана во болницата во Ниш. Таа, исто како и уште еден од сериозно повредените патници, била приклучена на апарати за дишење.

Во несреќата 6 лица беа тешко повредени, а 32 се здобија со полесни повреди.

Автобусот тргнал од Битола за Виена, но поради лоши временски услови и најверојатно неприлагодена брзина излетал од патот. Од полицијата се уште нема точни информации зошто автобусот излетал од коловозот.

Извор: ТВ21

Прочитајте повеќе

Одбележана 4-годишнината од членството на Северна Македонија во НАТО (Видео)

Во Министерството за одбрана, денеска со свечена церемонија на која се обратија првиот вицепремиер за …