Човекот кој пребега од Јужна во Северна Кореја – поранешен бегалец во обратна насока

Човекот кој во новогодишното утро ја преминал строго чуваната граница од Јужна во Северна Кореја, претходно побегнал од Северна Кореја.

„Претпоставуваме дека станува збор за истиот човек, кој во ноември 2020 година пребега кај нас преку граничната ограда со бодликава жица“, изјави претставник на јужнокорејското Министерство за одбрана денеска за новинската аганеција АФП. Јужнокорејските војници извршиле потрага, но не го нашле човекот.

Јужнокорејската војска вчера соопшти дека непознат човек „ја преминал воената демакрациона линија и заминал кон  Северна Кореја“,  што го откриле набљудувачките камери.  Јужна Кореја  го информирала северниот сосед за случајот, Пјонгјанг го потврдил приемот на пораката, но не одговрил на неа.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап цитираше исто така претставник на Министерството за одбрана, дека „човекот е истиот кој пребегал во обратна насока во ноември 2020 година“. По бегството тој во Јужна Кореја веројатно работел како чистач.

Додека бегствата од меѓународно изолираната  Северна Кореја во Јужна Кореја  не се невообичаени, ретко се случува луѓето да тргнат по обратен пат. Вообичаено, бегството не се случува преку границата обезбедена со камери и минираните полиња, туку преку помалку чуваната граница кон Кина.

Последен пат утврдената граница од Јужна во Северна Кореја ја преминал човек во 2020 година, и тогаш станувало збор за Севернокореец, кој претходно пребегал во Јужна Кореја.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Болсонаро се криел во унгарската амбасада во Бразилија откако му бил одземен пасошот

Поранешниот бразилски екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро минатиот месец поминал две ноќи во унгарската амбасада …